Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Теретаните минуваат низ транзиција на дизајнот и сега изгледаат кул и привлечно. Не се шегуваме

Деновите на темни подруми наредени со машини за вежбање слични на тортура, се чини дека завршија. Алелуја! Бидејќи пандемијата ги затвори теретаните ширум светот, многумина се најдоа во ситуација да сакаат домашна теретана што не собира прашина, туку напротив ќе биде место за инспирација, раст и одржување на здравиот разум. Во новата ера, важи нов принцип: онаму каде што вежбате е исто толку важно колку и како вежбате.

Се разбира, сето тоа започна од земји како САД и Франција каде што јавните теретани, јога и студија за пилатес започнаа да изгледаат дури и подобро од некои кафулиња и ресторани. Всушност, некои од нив се дел од поширок концепт кој вклучува не само простор за потење, туку има и здравствен клуб, простории за одмор и состаноци, па дури и бујни градини достапни за членовите. Еден од најлуксузните во Париз, „Бланш“ се наоѓа во деветтиот арондисман во прекрасна историска зграда од 3.000 квадратни метри. Тие на сите што се грижат за култот на телото им понудија шест ката исполнети со високотехнолошка спортска опрема, гранитен базен со димензии 20 х 10 метри, Б.Б. ресторан управуван од Жан Имберт и кино со триесет седишта. Звучи повеќе како убав хотел отколку место за влегување во форма, нели?

Се разбира, во Америка тие исто така ја сфатија важноста на местото „достојно на Инстаграм“, па голем број мали теретани и студија „се сменија“ во нови бои. Парис Пилатес е студио во Лос Анџелес, кое беше отворено минатата година и изгледа толку добро што би се вселиле (и покрај тоа што моравме да вежбаме и тука). Станува збор за студио со 11 реформатори на Пилатес, каде што сè е во француската тема, а наместо класичните огледала на кои сме навикнале во спортските клубови, има огледала со рамки од кои не би се срамеле ниту во Версај. Нежно розовата боја поминува низ сите простории, од фоајето до соблекувалните, па дури и тоалетната хартија е во идентична нијанса. Каков концепт!

Покрај овој тренд што заживеа, по искуството со карантин, се повеќе луѓе реновираат дел од куќата за да имаат идеално место за вежбање. Архитектот Ричард Мишаан моментално работи на нова спортска сала во неговиот дом во Хемптонс. И за неговата куќа и за куќата на клиентот, тој во моментов дизајнира многу попространи спортски сали кои повеќе потсетуваат на еден вид библиотека. Тој на шега ги нарекува „простории за обновување“, а просторот за одмор после тренинг вклучува камин и големи удобни фотелји каде што можат да се релаксираат вежбачите.

Друга причина зошто домашната теретана денес може да биде извонредно дизајнирана лежи во фактот дека поради трендовите на вежбање кои бараат поголема употреба на велосипедите „Пелотон“ и лентите TRX, архитектите повеќе не треба да размислуваат за вградување на големи машини во просторот. Всушност, сега е можно да имате просторија за вежбање што ќе им биде омилена на сите домашни. Дури и ако немате доволно простор да одвоите за овие цели, можете да размислите за создавање мултифункционални зони, каде јога душеци, тегови и ремени ќе бидат поставени во прекрасни корпи во аголот. И благодарение на таквата организација, вежбањето ќе ви биде лесно како вклучувањето на телевизорот. Ние веќе се чувствуваме поинспирирани да не ги прескокнуваме тренинзите оваа сезона, нели?

Прочитај

новости и трендови

Нелегални интернет платформи неовластено го користат името и логото на Државна лотарија Ги повикуваме сите играчи на интернет игри на среќа да внимаваат при...

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Advertisement