Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Стакленa ноќна мора или адреналин совршенство? Видиковец на облакодер што не е за секого

И додека одењето по стаклена површина на голема надморска височина за некои е сценарио од најлошите кошмари, „Summit“ стана туристичка атракција за зависниците од адреналин…

Дали знаете како е да се стои на стаклена површина 300 метри над земјата и да уживате во непречен поглед кон Њујорк? Оваа привилегија наскоро ќе ја уживаат сите заинтересирани посетители на новиот деловен облакодер One Vanderbilt во „Големото Јаболко“ којшто достигнува висина од 427 метри.

На врвот на облакодерот, или на околу 300 метри над земјата, изградени се стаклени платформи – Summit – кои се протегаат низ четири ката, и кои имаат за цел да ја набљудуваат околината на нов начин.

Summit користи огледала и стакло за да создаде илузија на бесконечен простор. Оние што го посетиле тврдат дека тоа е прошетка меѓу облаците што овозможува спектакуларен поглед на Менхетен.

И додека одењето по стаклена површина на голема надморска височина за некои е сценарио од најлошите кошмари, Summit стана туристичка атракција за зависници од адреналин што не треба да се пропушти.

За заинтересираните има левитациска стаклена кутија сместена надвор од облакодерот, односно на височина од 324 метри над авенијата Медисон, каде ќе се чувствувате како да лебдите во воздух. Тука е и искачувањето – лифт кој е опкружен од сите страни со стакло, и кој се качува од дното на облакодерот до височина од 364 метри.

Цените на билетите се движат од 33$ до 73$, секако во зависност од тоа каде сакате да застанете на Summit.

Имајте на ум дека треба да се почитуваат некои правила при посета – задолжително носете очила за сонце со себе поради одразот на светлината, што може да го отежне нормалното движење по стаклени платформи.

Прочитај

____celebrity

Познатата пејачка Ријана откри нова тетоважа која ја „дизајнирале“ нејзините деца. Тетоважата се наоѓа на нејзината нога, веднаш зад коленото, и се состои од...

Green Tea

Општото верување е дека можете да кажете кога сте во добра врска бидејќи речиси никогаш не го споменувате тоа. И веројатно има вистина во...

Green Tea

Ако имате висок крвен притисок, еве што треба да знаете за витаминот Д. Додатоците на витамин Д може да помогнат во намалувањето на крвниот...

____celebrity

Откриена е тајната на култната фотографија на Мерилин Монро. Легендарната сцена од филмот „Седум години верност“, во која ветерот од метрото во Њујорк го...

Advertisement