Меган Маркл е критикувана за новите фотографии!
Ова е прва официјална фото-сесија на војводата по одрекувањето од кралските титули. Меган Маркл и принцот Хари учествуваа во снимањето на американското списание „Тајм“, кое еднаш годишно ги набројува 100-те највлијателни луѓе во светот.
Среќната двојка избра класични стајлинзи за фотосесијата. Принцот Хари носеше бела кошула и костум, додека Меган носеше лесна маица и црн блејзер. Но, стајлингот на војвотката не е толку едноставен како што изгледа на прв поглед: таа веќе доби голем број на критики поради фактот што нејзината облека чини повеќе од 382 илјади долари.
Нејзиниот зглоб е украсен со нараквица и часовник Cartier – вреден 23.000 американски долари. Покрај тоа, овој часовник е далеку од вообичаеното: некогаш и припаѓаше на мајката на принцот Хари, самата принцеза Дајана. Костумот, кој Меган Маркл веќе го носеше за својот прв кралски вечерен прием, припаѓа на брендот Alexander McQueen – а цената е 2.800 американски долари. Но, најскапа работа е секако нејзината бурма, која чини 350 илјади долари.
Меган и Хари сè повеќе учествуваат во социјални настани, разговарајќи за различни релевантни теми. Во новиот „TIME100 Talk“, Меган и Хари решија да ги споделат своите ставови за подобрување на дигиталниот свет и запирање на ширењето на омраза на социјалните мрежи.

