Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Спектакуларна вила во платинскиот триаголник на Лос Анџелес

Понекогаш, помалку може навистина да биде повеќе, но во случај на една нова вила во Лос Анџелес, можеме да го кажеме спротивното…

Сместена на имот од 1,5 хектар, вилата од 1.500 квадратни метри ја има секоја погодност на која можете да помислите, вклучувајќи и куќа за гости од 300 квадратни метри. Со локација во срцето на Холмби Хилс, прекрасната вила се наоѓа близу до вилата Плејбој, која во моментов не се продава, доколку тоа е првото нешто што ви падна на ум. Вилата за која зборуваме е една од најскапите во овој декадентен дел на Лос Анџелес, кој е дел од Платинскиот триаголник, заедно со Бел Ер и Беверли Хилс.

Архитектонски гледано, главната резиденција остава силен впечаток веднаш штом стапнете во нејзиниот ентериер. Во самото фоаје, ќе ве воодушеви заобленото скалило што води до нивото погоре, додека високите тавани и стаклениот атриум додаваат дополнителна доза на драма. Стилот на вилата е модерна неокласична верзија, иако е релативно неодамна изградена. Засега е во сопственост на инвеститорот Саед Фархондепур, кој го сруши оригиналниот дом лоциран на оваа парцела и ја изгради вилата за која зборуваме.

Тоа е навистина импресивна резиденција, но овие денови, подеднакво посакувана погодност е и квалитетна куќа за гости – на тој начин, можете да бидете домаќини на вашето семејство и пријатели на подолг временски период. Во случај на оваа вила, куќа за гости има три спални соби и три бањи.

Во надворешноста можеме да видиме базен и тениско игралиште, со многу простор за забава и уживање. Можеме да кажеме и дека овој имот порано бил популарно место за алфреско забави, бидејќи тука се одржувале вистински спектакли, кои гостите и денес ги паметат. Можете ли да ја надминете репутацијата на претходните сопственици?

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement