Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Совршен хотел сместен во срцето на славните Доломити

Опкружен со планинска верига, хотелот Парк Флоријан во Јужен Тирол е совршена дестинација за љубителите на планините…

Овој прекрасен хотелски комплекс е скоро проширен со десет нови апартмани за гости, еколошки создадени, за да ја зачува природата околу вас. Новата екстензија е дело на италијанското студио Network of Architecture – NOA.

Студиото одлучи да создаде уникатен дизајн кој е инспириран од модерните ложи во форма на дрвени куќи, подигнати од земја. Новите станови се изградени одделно од главниот хотел, но сепак се поврзани со постојната структура, што создава чувство на континуитет и создава нов архитектонски концепт.

Зелената дрвена фасада додава рустикална привлечност кон надворешниот дизајн, додека големите прозорци ја одржуваат модерна елеганција. Ентериерите се дизајнирани во согласност со карактеристичната естетика, така што содржат темно зелени sидови со црни рабови на таванот.

Од дневната соба до бањата и спалната соба, ентериерите непречено се поврзуваат, додека само дел од тоалетот е дизајниран како посебна единица. Исто така, постои и тераса на отворено со мрежна лежалка за крајно опуштање.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement