Landern House не е како другите станбени облакодери…
Како прв американски проект за домување од страна на познатиот дизајнер Томас Хедервик, Lantern House се карактеризира со заоблени прозорци кои се инспирирани од фенери. Сега кога конструкцијата на овој облакодер е при крај, можеме да ѕирнеме во неговиот ентериер, кој се состои од две одделни кули поврзани со централно лоби, почнувајќи со модел на живеење од 5,5 милиони американски долари креиран од студиото „March and White Design“.
Компанијата работела на дизајнот на Lantern House од подот до таванот, дизајнирајќи го своето лоби и простори за уживање. „Имавме можност да работиме со Том на самиот почеток на развојот на овој проект, поточно неговите прозорци, така што ентериерите и архитектурата беа всушност плод на разговор уште од самиот почеток, што е фантастично“, изјави Елиот Марш. „Дефинитивно беше интересен процес. Бевме изненадени од прозорците што беа толку експресивни и ни дадоа можност да поиграме со дневната светлина“, додаде тој.
Марш и Вајт ги дизајнирале просториите така што тие имаат чувство на отвореност, овозможуваат природна светлина прекршена од прозорците, така што создава секакви интересни дезени. Најголемиот предизвик бил дизајнирање на внатрешноста на самите прозорци. За овој сегмент, дизајнерите излегоа со неколку интересни решенија – тука можете да поставите кауч, да направите бат или работна маса.
Мебелот во модерната резиденција не изгледа премногу формален – дизајнерите сакале да создадат лежерен амбиент што не изгледа исцениран – материјалите и кожата се користени, наместо сосема нови. Овој специјален стан со три спални е дизајниран како живеалиште за богато семејство, претставено од љубители на културата и возвишен начин на живот.
Се разбира, моделната резиденција е само мал дел од целиот проект – всушност, становите тука ќе чинат од 1,6 до 17 милиони долари. Погледнете повеќе фотографии во галеријата.