Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Симпатичниот нов дом на Кристен Стујарт во Лос Анџелес

Четири спални, пет бањи и засенчена градина во италијански стил – вака изгледа новата вила Кристен Стјуарт, која неодамна ја купи за 6 милиони долари во Лос Анџелес.

Кристен Стјуарт обожава да купува недвижнини, сметајќи ја за најбезбедна инвестиција на пари. Актерката веќе има домови во Малибу и Пасадена, стан во Њујорк, а неодамна ѕвездата се здоби со вила од 1927 година во областа Лос Фелиз во Лос Анџелес. Новата набавка ја чинеше 6 милиони долари, но дефинитивно вредеше.

Куќата е скриена зад висока жива ограда и е опкружена со градина во италијански стил. Кипарис, грмушки од рузмарин, маслинки кои растат во глинени садови, мал базен – сè овде е идеално за релаксирање во природата.

Самата куќа е вила во медитерански стил со бели sидови и двор украсен со украсни плочки. Внатре има четири спални соби и пет бањи, со вкупна површина од 455 квадратни метри. Зад рачно изработената влезна врата од ковано железо се наоѓа пространа фоаје со спектакуларни греди од темно дрво и подови со шпанско-плочки. Заоблениот премин води кон дневната соба каде се спуштате по скалите. Има камин од леано железо, кадифени софи и удобни фотелји. А, за оние кои сакаат да свират, има и пијано.

На долниот кат има и трпезарија со рустикален дрвен мебел, кујна и пространа тераса, идеална за релаксација и ручек на отворено.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement
betsat   grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom