Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Симбол на најважните работи во светот: Кулата што секој би ја посакал во своето соседство

People’s Tower е нов иновативен концепт на индиската архитектонска фирма Nudes, кој ги комбинира новите технологии, природата и локалната заедница со цел да создаде уникатен проект кој дава особено значење на зачувување на животната средина и подобрување на квалитетот на животот.

Во центарот на вниманието е зачудувачката кула направена од растенија во саксии. Поточно, изработени од 11.520 саксии, од чиј врв ви овозможува прекрасен поглед на околината. До врвот на кулата може да се стигне преку кружна платформа поставена на внатрешноста на кулата.

Идејата на оваа архитектонска фирма од Мумаби е да ја одгледува секоја саксија во кулата од страна на еден член на заедницата, што потоа би било ставено во една кула како симбол на заедништво, мир, толеранција, емпатија и сочувство.

После инсталацијата, растенијата би се напоиле со рециклирана вода со помош на роботика, поточно рој беспилотни летала (дронови), односно преку водови инсталирани во инфраструктурата на кулата. Растенијата во овој проект имаат двојна функција – тие го подобруваат квалитетот на воздухот во заедницата, но исто така создаваат идеално место за бегство од стресното секојдневие.

Народната кула засега е само концепт, и дали ќе стане реалност, вреди да се почека и да се види.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement