Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Се продава фантастична вила што ја знаете од фотографиите на Слим Аронс!

Фотографот Слим Аронс е асоцијација за гламур, безгрижност, вечно лето и веќе ви признавме дека би сакале да скокнеме на некои од неговите фотографии само за да го почувствуваме тој „лесен“ дух кој сите сега ни недостасува. Сега некој има можност да го оствари овој сон со купување на вила што е прикажана во серијата фотографии Pool Party наречена „Gossip by The Pool“. Таа екстраваганција ќе го чини новиот сопственик 25 милиони долари.

Куќата е дизајнирана од Ричард Неутра во 1946 година и денес се смета за симбол на модернизмот. Желбата на архитектот била да ги поврзе внатрешноста и пустинската средина и затоа надворешните sидови се во форма на стаклени панели кои можат да се отворат за да ги поврзат внатрешноста и надворешноста како целина. Централниот дел е направен без преградни sидови, а куќата има пет соби и пет бањи. Оригиналниот сопственик Едгар Џај Кауфман починал во 1955 година и куќата била празна некое време. Реновирањето е извршено во 1990 година од страна на Мармом Радзинер.

Целата куќа е изградена на исто ниво, освен еден подигнат дел, покриена тераса што Неутра ја нарекол „La Gloriette“. Едноставната геометриска форма на куќата, која е целосно изработена од алуминиум, бетон и стакло, никогаш не и се допадна на г-ѓа Кафман, која никогаш не стапна на овој простор, но живееше во нивната втора куќа за одмор дизајнирана од Френк Лојд Рајт.

Најскапата продадена куќа во Палм Спрингс е вилата на Боб Хоуп која изнесувала 13 милиони долари. Бидејќи оваа куќа има голема историска и архитектонска вредност, останува да видиме кој ќе плати за тоа парче историја.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement