Дали сакате да живеете во домот на легендарниот Дејвид Боуви?
Па, токму таа можност ви ја дава неговиот долгорочен стан на Менхетн, кој има цена од 16,8 милиони долари. Сместен во близина на паркот Washington Square Park во Soho, станот од 500 квадратни метри првично е изграден во 1886 година како дел од фабриката за чоколади Hawley & Hoops, за подоцна да стане соптсвеник од 30-те кондоминиумни единици во текот на 90-тите години на минатиот век.
Станот се состои од четири спални соби и три бањи, со три отворени тераси, директен пристап до лифтот, високи тавани, библиотека, тоалет и врвна, отворена кујна. Луксузниот дом е украсен со вкус, како што очекувавме и содржи мешавина од модерна и рустикална декорација.
Покрај бројните удобности, главната спална соба на овој дом, чија површина е над 100 квадратни метри, содржи сопствен приватен камин, соблекувална, преголема бања и приватна тераса. Како што дознаваме, Боуви го купил овој дом по цена од 3,81 милиони долари во 1999 година.





