Мадона е една од sвездите кои покрај талентот и решеноста да го достигнат врвот, успеале преку својата естетика и личност да станат иницијатори на трендовите и да им го отворат патот на многу уметници.
Нејзините настапи отсекогаш биле предмет на многу дебати, како и нејзините контроверзни концерти и музички спотови што го шокирале општеството од осумдесеттите години. Без Мадона, во музичката индустрија би немало место за поп sвездите како Бритни Спирс и Лејди Гага, а со текот на годините докажува дека не само што знае да пее и танцува, туку е и одлична бизнисменка, текстописец, филантроп, писател и актерка.
Мадона има продадено над 300 милиони плочи ширум светот и важи за една од најбогатите пејачки со богатство од 800 милиони долари. Моментално сама, со три деца, таа била во брак двапати, со Шон Пен и Гај Ричи.
Покрај богатата збирка уметнички дела, вклучувајќи слики од Пикасо, Дали и Фрида Кало, таа поседува неколку куќи. Мадона купила вила вредна 12 милиони долари во Беверли Хилс додека била во брак со Гај Ричи. Првично е продадена во 2013 година за 19,5 милиони, а сега се продава по многу поскапа цена откако е реновирана.
Куќата од 580 квадратни метри има девет спални соби, петнаесет купатила, две дневни соби, двоспратна трпезарија, голема кујна/сала за појадок, целосна проекција/театарска соба, две канцеларии, канцеларија за асистент, теретана, соби за персонал, две куќи за гости, тениско игралиште и базен со големина на одморалиште.
Неодамна реновирано и педантно одржувано, поранешниот имот на Мадона во Беверли Хилс сега се продава, по цена од 27,995 милиони долари.









