Меѓу најпознатите колекционери на вино во светот секако е и Michel-Jack Chasseuil, за чијашто домашна визба се шпекулира дека е вински Лувр. Во својата колекција има приближно 50.000 етикети, вклучително и некои од најскапите шишиња во светот. На околу 350 квадратни метри, на западот од Франција, во La Chapelle-Bâtonu, се прават последните подготовки за отворање на музеј кој, ако сè оди според планот, треба да ги прими своите први гости ова лето.
Според The Drinks Business, парите за музејот Chasseuil биле собрани со продажба на шишиња во вредност од околу половина милион долари, кои наводно вредат многу повеќе – се шпекулира дека се дури 60 милиони долари.
Многумина се прашуваат колку љубители на виното ќе се најдат што би одвоиле околу 30.000 денари за да влезат во колекционерското поле на етикети без дегустација, само за да гледаат – но што ќе се случи, времето ќе покаже.
Chasseuil верува дека музејот на вино ќе го поттикне туризмот на западот на Франција и дека многумина ќе дојдат во La Chapelle-Bâton токму поради виното. Во секој случај, неговиот музеј ќе им понуди на посетителите уникатно искуство.
Кустосот за вино посвети повеќе од половина од својот живот собирајќи десетици илјади шишиња што ги чува во подземна пештера на температура од 10 до 15 степени Целзиусови и 80 проценти влажност. Неговата колекција никого не остава рамнодушен, па дури и монашкиот принц по посетата заклучи дека тоа е едно од седумте светски чуда. Винскиот Лувр е обезбеден со безбедносна врата, а колекционерот го чува клучот од својот храм во банка.
Постои и добра причина за таквата безбедност, имено на Chasseuilu му се заканувале криминалци пред пет години – тие му ги скршиле прстите и го држеле под закана со оружје, испрашувајќи го каде е клучот. Клучот беше во банка, а колекцијата остана безбедна. Крадците зграпчиле само неколку гајби кои не биле заклучени во подрумот.
Да успеаја да влезат во подрумот долг 25 метри, Chasseuilu веројатно ќе останеше без скапиот Petrus, винските ремек-дела од Romanée-Contija, како и од винтиџ етикетите, 1904 година. Со своето хоби, Chasseuilu започна во дваесеттите години, а до неговиот 30-ти роденден, францускиот аеронаутичар може да се пофали со илјада врвни шишиња. Некои од најдобрите винтиџ вина веќе не постојат на ниту едно друго место во светот – освен во храмот на виното во западниот дел од Франција.
