Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Село на вештачки гребен во Медитеранот што може да „преживее“ и апокалипса

Климатските промени веќе влијаат на целиот свет. Некои делови се повеќе се погодени од екстремни временски услови, од топлотни бранови и суши до обилни дождови и поплави.

Стравувањата од топење на глечерите, покачувањето на нивото на морето и уништување на крајбрежните области ги принудува научниците да размислуваат за алтернативни засолништа кои во иднина би можеле да спасат многу животи.

Sea Stem е едно такво решение на францускиот архитект Матје Колос. Поточно, станува збор за амбициозен концепт на пловечко село со минимално влијание врз животната средина, кое треба да се гради во Средоземното Море, на приближно 12 километри од Palavas-les-Flots во јужна Франција.

Наместо насипи и sидови, Колос предлага да се изгради самоодржливо живеалиште на вода што ќе го користи сонцето, ветерот и брановите за да ја произведе потребната енергија. Водата за пиење би се снабдувала со собирање и одсолување на дождовница, целиот отпад би се рециклирал, а храната ќе се одгледува на терен во согласност со пермакултурата и аквакултурата.

Sea Stem вклучува изградба на вештачки гребен на длабочина од 50 метри што би послужил како место за развој на подводниот живот, како и научни истражувања.

Целиот проект би можел да се финансира со средства од разни еколошки програми, а пристигнувањето во Sea Stem би било можно за туристите да добијат информации и да се прилагодат на новиот начин на живот во хармонија со природата.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement