Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Само во Хонг Конг – стан од 300 квадратни метри е продаден за 59 милиони долари

Како што и сами знаете, во Азија има неверојатни луксузни и декадентни имоти, а еден од нив е стан во Хонг Конг кој беше скоро продаден по цена од 59 милиони долари…

Трансакцијата е извршена од страна на CK Asset Holdings Ltd. кој е во сопственост на тајкунот во светот на недвижнините, Виктор Ли, и се смета за рекордна продажба во овој сектор. Распослан на околу 300 квадратни метри, луксузниот пентхаус доаѓа со сопствен базен и три места за паркирање. Го зафаќа дваесет и третиот кат од проектот 21 Borrett Road, една од најлуксузните стамбени шеми во регионот.

Со пет спални соби и цела флота на комфор, овој стан го сруши рекордот поставен од луксузниот проект за развој Mount Nicholson во 2017 година, и со тоа, стана најскапиот стан во Азија. Слободно можеме да кажеме дека нејзината продажба укажува на тренд на закрепнување на пазарот на луксузни недвижнини, по падот предизвикан од пандемијата на вирусот корона.

Луксузните цени на куќите наводно паднаа за осум проценти во текот на изминатата година, но со оглед на ваквата продажба во последно време, глобалниот пазар е на пат да закрепне. Според сите пресметки, со или без пандемија, луксузниот пазар секогаш ги наоѓа своите купувачи.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement