Во последно време, доста често наидуваме на минијатурни домови во Лондон кои се продаваат по неверојатни цени…
Ова нè натера да сфатиме колку навистина се богати жителите на овој град, кои живеат во прекрасни вили и мезонети што не поврзуваат со палати. Меѓутоа, кога инвестиција од 1,3 милиони долари може да ви донесе дом широк едвај два метри, тогаш стан од 6 квадратни метри со цена од 295 000 долари не е ништо чудно.
Реално, подобро е да напишеме соба или микро стан, бидејќи во никој случај ова не може да се смета за вистински стан. Во него не можете да вметнете ниту два редовни душеци еден до друг. Станот во приземјето во Пимлик, централен Лондон, нè потсетува на првото сместување во Хари Потер – плакар под скалите. Станот се состои од еден кревет, мала бања, работна површина и мал фрижидер, со микробранова печка сместена на дното на креветот. Покрај тоа, станот доаѓа со пристап до „терасата“, што е всушност рамен покрив со поглед на задниот дел од зградата однапред.
Дали би живееле овде?




