Виетнамското студио Vo Trong Nghia Architects, создаде бамбусова купола висока 16 метри за ресторанот Vedana, кој е изграден над вештачко езеро, свртен кон планините во провинцијата Нин Бин…
Ресторан Vedana е централен украс на истоименото одморалиште, сместен во националниот парк Kuk Fuong, најголемиот природен резерват во Виетнам. Бамбусовата купола, широка 18 метри и висока 16 метри, е највисоката креирана од ова студио, додека самиот ресторан е посветен на гостите од одморалиштето или организација на специјални настани.
Концентрични сламени прстени формираат скалест профил што нè поврзува со традиционалните покриви на овој регион. Иако се чини дека претставува три одделни структури, куполата е всушност едно парче, составено од 36 бамбус модули. Окулусот во својот заоблен дел создава светларник, кој ја истакнува цветната шема создадена од интересни делови од бамбус.
Во основата, која се карактеризира со колонади, ресторанот се отвора кон вештачко езеро, кое покрај својата естетска улога, доби и улога на ладење за време на топлите и влажни лета. Дождовите и водата што доаѓаат од планините се собираат во езерото, кое се користи и за наводнување на дрвја и растенија што растат околу одморалиштето.
Архитектонското студио направи и мастер план за остатокот од одморалиштето, кое содржи 135 вили, пет „кондотели“ и осум бунгалови кои се издигнуваат како соја над езерото.




