Дизајнерите на студиото „Комуна“ биле инспирирани од култните институции на стариот Холивуд кога работеле на ентериерот на новиот ресторан „Фани“.
Неодамна отворениот филмски музеј во Лос Анџелес доби раскошен ресторан наречен Фани, именуван по Фани Брис, легендарна американска театарска и филмска актерка од почетокот на 20 век. Дизајнот на ресторанот го изведе познатото дизајнерско студио „Комуна“, кое црпеше инспирација од гламурозната естетика на „златната доба“ на Холивуд.
Како главна референца, дизајнерите ја искористија атмосферата на култните места на стариот Холивуд, како што се Перино и Браун Дерби. Духот од тоа време е пренесен со помош на црно-бели фотографии на ѕидовите, пригушени беж и кафени нијанси кои потсетуваат на стар филм и мебел во ретро стил. Во исто време, ретро естетиката на ресторанот одлично се вклопува во модерната минималистичка архитектура на музејот, дизајнирана од Ренцо Пијано.
Ѕидовите на ресторанот се украсени со релјефни дрвени панели, кои донекаде потсетуваат на пејзажот на сетот. Истиот финиш беше искористен во дизајнот на шанкот и преградите во ходникот, додека мебелот беше обложен со црвено и беж-кафено кадифе. Еден од ѕидовите на ресторанот е украсен со голема слика на уметникот Константин Каканиас, која е посветена на комичарката Фани Брис и на другите холивудски легенди.
Во галеријата погледнете ја внатрешноста на новиот ресторан кој зрачи со шармот „златната доба“ на Холивуд.






