Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Таинствената лондонска резиденција на Ријана во близина на легендарното студио Аби Роуд се продава за неверојатни 41 милион долари!

Сент Џон Вуд Парк во Лондон, е таинствената резиденција на Ријана што ја изнајмила од 2018 година за дури 18 000 фунти неделно. Куќа од 19 век има осум спални соби, паркинг за 10 автомобили, теретана, 6 бањи, пространи простории за забава и уредена, но заштитена градина.

Познатата пејачка/дизајнерка/магнат за убавина го помина најголемиот дел од својата врска со саудискиот милијардер Хасан Џамил во оваа куќа во Лондон, која врска заврши во јануари, бидејќи тие долгорочно „не беа соодветен пар“.

Ријана уживаше во релативната приватност на куќата, во која се сместени и домовите на Сер Пол Макартни, Гал Гадот и Ема Вотсон, а поблиските следбеници на нејзиниот профил на Инстаграм можеа да го препознаат релативно неутралниот ентериер на оваа куќа среде некои селфи фотографии.

Раскошната куќа во која доминираат неутрални тонови и кадифени текстури, но и кожни и хромирани акценти се продава за 41 милион долари, а агенцијата за недвижнини задолжена за нејзината продажба смета дека идеален купувач би бил музички, деловен или политички магнат.

Прочитај

____celebrity

ајната на витката фигура на Џенифер Лопез лежи во неколку едноставни состојки. Поранешниот личен готвач на Џенифер Лопез откри како изгледа исхраната на познатата...

Green Tea

Ако ви се чини дека страста во врската малку се смирилa и рутината преовладала, можеби е време за мал пресврт. Добри вести? Не ви...

Green Tea

Кожата на деколтето е меѓу првите што покажува знаци на стареење. Кожата на вашето деколте, слично како и на вратот и рацете, е позната...

Green Tea

Доколку имате проблеми со варењето, најдобро е да вклучите повеќе од овој зеленчук во вашата исхрана. Многумина ќе бидат изненадени, бидејќи е познато дека...

Advertisement