Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

РАЈ НА ЗЕМЈАТА: Куќа која се спојува со зелената средина

Leonardo Junqueira Arquitetura, со седиште во Бразил, е едно од најуспешните бироа во светот кое се издвојува пред се по луксузниот дизајн што го дава на секој модерен дом.

Останувајќи во нивната база, тие беа ангажирани да дизајнираат куќа во сопственост на петчлено семејство кое со години живеело во Лос Анџелес. Сопствениците побараа од архитектонскиот тим да направи катче кое се истакнува со неограничена природна светлина, но и со модерен карактер.

Куќата е изградена на возвишен рид со поглед што го одзема здивот! Сместена во зелена средина, куќата станува „едно“ со природата, без да биде лишена од најмала софистицирана функционалност и луксуз.

Фокусирајќи се на дизајнот на надворешноста, гледаме дека сè е поставено толку непретенциозно, бидејќи апсолутниот мир е првото нешто што ни паѓа на ум. Надворешните простори за живеење, местата за скара и местата за бескрајна релаксација се сите работи што создаваат сонлив и инспиративен пејзаж.

Истото магично чувство продолжува и внатре во куќата. „Топлиот“, ентериер и мебел создаваат луксузно, а во исто време летно и релаксирачко чувство, кое се смета за идеално за одмор од урбаното секојдневие.

Со големите прозорци избрани да ја спојат куќата со надворешноста, околината е „преплавена“ со сончева светлина. Во исто време, неутралните, земјени бои ја даваат потребната светлина на собите, додека некои похрабри нијанси создаваат димензија и модерен карактер. Сите соби се карактеризираат со непретенциозен луксуз, земен од иднината, кој совршено ги балансира потребите на семејството. Впечатливи се прекрасните украси, гломазните уметнички дела на ѕидовите, елементите кои ја красат секоја површина и успешната комбинација на бои и текстури на софи и кревети.

Погледнете ја галеријата за да откриете повеќе фотографии од оваа прекрасна куќа!

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement