Американката со полско-израелско потекло, родена во Лондон, е една од најуспешните манекенки на денешницата. Се работи за 31-годишната Емили Ратајковски.
Со текот на годините, манекенката доби речиси 30 милиони следбеници на Инстаграм, социјална мрежа каде често споделува фотографии и од својот дом.
Меѓутоа, сега решила да ја продаде куќата од Лос Анџелес и таа е ставена на отворен пазар. Емили за неа бара 2,2 милиони долари, а пред четири години платила нешто помалку – 2 милиони долари.
Бидејќи цената не е премногу висока и нереална, постојат сите шанси куќата наскоро да биде во рацете на новиот сопственик.
Dirt.com пишува дека рекламите покажуваат дека станува збор за „приватен комплекс од средниот век“, кој се наоѓа во „многу посакуваниот дел од областа Ехо Парк, наречен Елисиски висови“.
Имотот е секако приватен, целосно затворен и лоциран во ќорсокак.
Првично создаден во 1946 година, имотот вклучува главна куќа со две спални соби и две бањи и посебна просторија т.н. викендичко студио, со трета бања и голема просторија која може да биде канцеларија, теретана, студио за снимање или друга спална соба.
Главната дневна соба има камин од тули, плус прекрасен примарен апартман налик на поткровје, со високи прозорци кои откриваат буен пејзаж. И секундарната спална соба е подеднакво пространа, а вратата води до делумно покриен балкон кој ги поврзува главната куќа и студиото.
Посебно убаво е уреден дворот на куќата. Во внатрешноста доминираат пастелни бои и се навалува кон „уметничкиот печат“. Секоја соба е приказна за себе, а терасата на првиот кат е уредена така што директно се гледа во бујното зеленило и џакузито во дворот.
Сè на сè, можеме да кажеме дека куќата е и модерна и рустикална,едноставна и елегантна.





