Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Раскошни Вили со потпис на Lamborghini што ве остава без здив

Дали некогаш сте размислувале како би изгледала вашата вила од соништата?

Освен очигледните парчиња мебел што би ги избрале, неговите бои, дизајни и акценти, дали тоа би можело да биде обележје на одредена луксузен бренд? Доколку во вашата имагинација е брендот Lamborghini, овој проект дефинитивно ќе ви се допадне.

Majestic Vistas е прекрасен приказ на куќи од соништата, создадени благодарение на партнерството помеѓу компанијата Emaar Development од Дубаи и Lamborghini Cars. Новиот проект за развој, кој вклучува луксузна вила, се наоѓа во имотот Dubai Hills Estate, односно на една од најексклузивните адреси во Дубаи. Проектот Majestic Vistas на крајот ќе вклучува 40 вили кои ќе добијат дизајн инспириран од Lamborghini Cars, се вели во официјалното соопштение.

Како што дознаваме, Dubai Hills Estate е распространет на околу 1000 хектари, додека проектот „Majestic Vistas“ се наоѓа во раскошната енклава Dubai Hills Vista, која во моментов се гради. Ексклузивните и футуристички вили со шест спални соби ќе ги рефлектираат линиите и естетиката според кои брендот Lamborghini е најценет, земајќи ги предвид нивната иновација и супериорниот дизајн.

Станарите можат да изберат да ги опремат своите вили со специјално изработени мебели со бренд Lamborghini, со дополнителен трошок. Дизајните што ги забележуваме во првите визуели на овој проект носат одредена доза на сличност со супер спортските модели на Lamborghini – мотивот Y што го сретнавме благодарение на автомобилите Lamborghini се користи за распоред на простории, осветлување, ѕидни и подни облоги. Исто така, идните сопственици имаат на располагање шестоаголен дизајн, кој со децении зазема многу важно место во дизајнот на автомобилите на Lambroghini.

Шемата на бои е конзистентна низ целата вила, давајќи предност на самата тема, потсетувајќи на тоа со нежни нијанси на жолта боја.

Можеме да кажеме и дека Dubai Hills Estate ќе вклучува терен за голф со 18 дупки, заедно со централен парк кој ќе зафаќа повеќе од 180.000 квадратни метри.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement