Веќе некое време следите профили на Инстаграм кои се занимаваат со дизајн на ентериер и многу често наидувате на фантастични фотографии од станови украсени со тапети? Но, и покрај тоа што ве привлекуваат, сепак не можете да се осмелите да ги облечете sидовите во шарени слики или впечатливи дезени.
Се разбира, ова е прилично сериозна постапка што не се прави така лесно, а тапетите би можеле целосно да го променат изгледот на вашиот дом, што може да звучи малку застрашувачки и финално. Тоа е промена која е драматична и сметате дека ќе биде вистинска катастрофа доколку на крајот не ви се допадне тапетот. Но, не мора да се плашите, денес има толку широк избор на тапети што е невозможно да не ги најдете оние во кои ќе се вљубите на прв поглед и со кои вашиот дом ќе блесне во полн сјај.
Од минималистички дизајни со ситни цвеќиња или дезени, преку максималистички со неколку бои, дезени и мотиви, на пазарот има огромен избор што ќе го задоволи сечиј вкус. Исто така, во моментов е многу популарно да се украсува со тапет само еден ѕид или еден дел од него со цел визуелно да се ограничи просторот, а на социјалните мрежи се прошири нов тренд – тапет на таванот. Тоа е многу ефикасен декор за кој сепак ќе ви треба малку помош. Но, ако сеуште се двоумите за дезенот, избравме неколку одлични копии кои лесно би можеле да ве префрлат на „страната да“.
