Минатата година можевме само да сонуваме и да фантазираме за патувања, им дозволиме на нашите души да летаат до нив, додека ние самите бевме заробени во нашите четири sида…
Вирусот корона ги уништи практично сите наши планови, ја завитка планетата во црно и стави точка на нашите животи, како што тоа го знаевме дотогаш. Нè принуди да летуваме на нашите балкони или тераси, да ја поминеме зимата на ридот зад зградата и да останеме гладни кога станува збор за откривање на нови делови од нашиот прекрасен свет, од кои има неверојатнп многу.
Сепак, со Новата година дојдоа некои нови планови, со надеж за подобро утре. После една година потчинување на вирусот, конечно достигнавме ниво каде што може да се надеваме дека оваа 2021 година ќе биде подобра од претходната и дека светот конечно ќе ги отвори вратите за сите намерни патници, без разлика од каде доаѓаат.
Со цел да ве натераме да фантазирате со нас за патувањата и старите добри времиња, во нашата галерија ги претставуваме најпопуларните хотели на Инстаграм, каде што секој агол е совршена околина за фотографирање. Прелистајте ја нашата галерија, потоа затворете ги очите и оставете го срцето да ве води…
Cavo Tagoo, Миконос и Санторини
La Dimora di Metello – Sassi of Matera, Италија
Four Seasons Resort Maldives at Landaa Giraavaru
Hôtel Plaza Athénée, Франција
The Wynn and Encore, Лас Вегас
Claridge’s Hotel, Лондон
Burj Al Arab, Дубаи
Azulik, Тулум Мексико
Bellagio, Лас Вегас









