Инспирирана од Арт Деко-то, Кали Елис, создаде волшебен амбиент.
Долго очекуваната елка беше претставена од Claridge’s, официјално одбележувајќи ја празничната сезона. Оваа година, лондонскиот хотел го искористи богатото и гламурозно наследство на Арт Деко од 20-тите години, од времето кога луѓето бараа симбол на надеж и среќа по Првата светска војна. Хотелот сака да ја пренесе пораката што звучи најсоодветно: надеж и верба во подобри денови.
Божиќната елка на Claridge’s, годинава е создадена од долгогодишната пријателка и колешка од хотелот Кали Елис. Основачката на McQueens Flowers со своите креации украсува куќи, хотели и модни писти со години.
Природната форма на дрвото е нагласена со волшебни и ледени гранки, со секоја покриена со снег гранка украсена со над 10.000 кристали, како и стаклени венци и приврзоци, кои рефлектираат светлина и создаваат леден сонлив пејзаж во холот на хотелот.
Дрвото е високо 4,5 метри, а одразот на светлината создава сенки на просторот, интензивирајќи го чувството на леден, сонлив простор, со мистично, ирицентно и етерично чувство.
McQueens Flowers црпи инспирација од архивите на Claridge’s за да им дадат на посетителите чувство за патување во минатото.
Коментирајќи за дрвото, Кали Елис изјави: “Арт Деко архитектурата на овој култен хотел беше сета инспирација што ми требаше за да го создадам ова прекрасно дрво. Тоа е совршена прослава за гостопримливоста, елеганцијата и шармот на Claridge’s. Идеално за оваа година, кога многумина од нас, се држевме подалеку од нашите најблиски, запомнете ги задоволствата во убавите моменти што ги споделивме и со нетрпение очекуваме да работиме повторно“.