Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Прекрасен пентхаус во Менхетен со приватен парк

Претприемач од Менхетен, Аби Џеј Росен, е прогласен за најдобар колекционер на уметности оваа година, кој деновиве го претстави својот најнов проект…

Тоа е прекрасна зграда со приватни резиденции, што е како идеална галерија за сопственици кои обожаваат и уметнички дела. Една од најдобрите резиденции, која е и најпогодна за скулптури на отворено, е величествениот дуплекс, кој сега може да се набави по цена од 29,75 милиони долари. Сместен на 10-ти и 11-ти кат од овој облакодер, дуплексот е единствената единица со приватна тераса, која се карактеризира со бујно зеленило. Внатрешноста на дуплексот се протега на околу 660 квадратни метри, додека приватната градина е како вашиот личен парк, со површина од 530 квадратни метри. Се разбира, тој е најголем од ваков вид во Њујорк.

Во внатрешноста, два лифта ви овозможуваат директен пристап до секој кат, додека просторите за прием на гости и забава – дневна соба, бар и трпезарија, го заземаат првото ниво, а второто четири спални соби со приватни бањи. Детали направени по нарачка, вклучително и ормари од даб, се дело на реномираната компанија Foster + Partners. Елегантниот, модерен кулинарски простор располага со работни плочи од мермер Carrera , заедно со врвни апарати и ладилници за вино.

Скулпторското челично скалило е уметничко дело само по себе, создавајќи галериски простор на две нивоа. На горното ниво, главната спална соба го зафаќа целиот јужен дел, вклучувајќи луксузна спа-бања со травертински подови, самостојна када и парна туш.

Повеќе уметнички детали може да се видат во заедничките простории на зградата, со слика од Рејчел Фајнштајн која ќе ги пречека сивите станари. Мебел направен по нарачка потпишан од Вилијам Т. Георгис го исполнува лобито и приватниот резидентен клуб.

Сместен на третиот и четвртиот кат од зградата, овој клуб има како свој главен детал базен за капење на сончева светлина, граничен со бамбус. Фитнес-простори исто така го опкружуваат базенот, додека приватната библиотека има кожен мебел, бронзени маси за кафе и запален свет.

Закупците на облакодери, исто така, имаат пристап до консиерж услуги преку Quintessentially Lifestyle.

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement