Внатрешноста исполнета со светлина се карактеризира со високи тавани, мермер и широки дрвени подови.
Познатата актерка Камерон Дијаз и нејзиниот партнер, инаку музичарот Бенџи Меден, неодамна во своето портфолио на имот „додадоа“ уште една импозантна вила, а таа се наоѓа во Монтесито.
Имотот е од 2000 година, а е платен 12,67 милиони долари. Има 6 спални соби, 7 бањи и 3 тоалети.
Филмската ѕвезда, која официјално се „прости“ од кариерата во 2018 година, и нејзиниот партнер, имаат уште најмалку четири резиденции:
- Модерна викенд куќа во Лос Анџелес, која Дијаз ја поседува повеќе од 20 години
- Имот на Беверли Хилс што Камерон го купи во 2010 година за речиси 9,5 долари
- Стан со три спални во долен Менхетен, за кој Американката издвои 9,5 милиони долари во 2013 година (две години пред таа и Меден да се венчаат)
- Вила со седум спални соби на Беверли Хилс, која парот ја „зграби“ пред година и пол, за 14,7 милиони долари.
Оваа куќа е најновиот „бисер“ меѓу величествените имоти на кои живее живее славната двојка, а се работи за вила на три ката сместена високо на коса парцела, со поглед кон океанот.




