По три години изградба, отворен е Eysturoyartunnilin– голем подводен патен тунел што ги поврзува островите Стрејмој и Ејсторој. Ова се двата Фарски острови лоцирани во Северениот Атлантик помеѓу Шкотска, Норвешка и Исланд.
Тунелот Eysturoy има две ленти, широк е 10,5 метри, а заедно со пристапните патишта е долг 11,24 километри. Од неговото лансирање, значително ја скрати трасата за локалното население. Наместо 64 минути што биле потребни, сега за да се стигне од главниот град Торшавна до Рунавик, истото растојание може да се помине за само 16 минути.
За да се зголеми безбедноста, ниедна падина во тунелот не е поголема од пет проценти, а најниската точка е 189 метри под површината на водата. Максималната дозволена брзина во тунелот е 80 километри на час.
Неговата посебна карактеристика е првиот подморски кружен тек, кој се наоѓа на 72,6 метри под површината на фјордот Skálafjørður, или 2153 метри од влезот на тунелот во Рокинија. Кружниот тек е украсен со метално дело долга 80 метри од фарскиот уметник Трондур Патурсон, кое комбинира скулптури и разни светлосни ефекти, целосно направени по мерка.
Изградбата на тунелот започна во 2017 година, а на неа беа потрошени околу 8 милијарда денари. Трошоците се планираат да ги плати во целост патарината на тунелот, која се наплатува од 200 денари до 1400 денари во една насока, во зависност од должината на патувањето, но и видот на возилото во кое се поминува.
На првиот ден на отворање, 19 декември 2020 година, низ тунелот Eysturoy поминале 14.700 возила, а се проценува дека секој ден ќе го користат околу 6.000 луѓе.



