Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Познатиот режисер ја продава својата бајковита вила во Калифорнија,тука би посакале да го поминете остатокот од животот…

Имотот од бајките кој Џејмс Камерон одлучи да го продаде, кој се простира на 102 хектари во еден од најлуксузните делови на Санта Барбара, ги надмина сите наши очекувања.Вилата освен што изгледа како вистински тропски рај, има и свои органски градини , хелиодром, соларна и ветерна фарма и два бунари – еден за наводнување и еден за вода за пиење.Кога некој е еден од најголемите филмски режисери во историјата, за очекување е да живее во замок кој ви го одзема здивот со својата убавина, но оној што Џејмс Камерон одлучил да го продаде, кој се наоѓа на имот кој се протега над 102 хектари во еден од најлуксузните делови Санта Барбара, успеа да ги надмине сите наши очекувања.

Имотот, кој се наоѓа во затворената станбена и земјоделска енклава на ранчот Холистер, лоциран покрај руралниот брег на Гавиота, излезе на продажба за 33 милиони долари, а тешко е да се каже дали се работи за луксузниот ентериер, градината која изгледа како тропски рај или погледот на океанот кој повеќе плени.

Филмскиот режисер добитник на Оскар и неговата сопруга Сузи Амис Камерон го купиле имотот во доцните 90-ти кога платиле нешто повеќе од 4,3 милиони долари за него, а самата вила од 750 квадратни метри има пет спални соби и седум бањи.Се наоѓа на само неколку минути од плажата Дрејк, еден од најубавите и најстрого чуваните бисери во Калифорнија.

Изградена пред повеќе од три децении и интензивно реновирана од парот за време на нивното време таму, во архитектонската структура доминираат дрво и стакло. Големината на собите е нагласена со отворени камини, високи тавани прегрнати со дрвени греди и големи стаклени ѕидови и прозорци со поглед кон океанот.

Меѓу останатите споменати содржини, има прекрасни двојни канцеларии, кино сала, игротека и теретана, а на отворено има прекрасен терен со палми и базен во облик на лагуна со спа центар, тениско игралиште и органски градини каде сами одгледуваат овошје, зеленчук и цвеќиња.Вилата вклучува и гостинска куќа од 185 метри квадратни, штала и хелиодром, а за да има се што е потребно за живот изградена е соларна и ветерна централа и два бунари – еден за наводнување и еден за вода за пиење.

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement