Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Поглед кој го одзема здивот, базен и домашно кино: Никол Шерцингер продава луксузна вила за 8 милиони долари (ФОТО)

Пејачката Никол Шерцингер одлучи да се исели од луксузната вила, која ја купи пред четири и пол години за 3,75 милиони долари.

Откако вложи многу, таа сега ја продава катната модерна куќа на стрмната падина на високиот гребен над Сансет Стрип во Лос Анџелес за 8 милиони долари.

Постојат неколку спални соби на пониско ниво, од кои едната е претворена во теретана, а sидовите на прозорците овозможуваат релаксирачки поглед кон градот. Втората соба, во која можат да спијат најмалку четири лица, содржи два комплети кревети на спрат, додека главната спална соба зазема супериорна позиција на ниво на пентхаус. Линеарно огниште го загрева просторот на спалната соба, додека пространата дневна соба се отвора на приватна тераса со модерен базен во центарот. Особено модерната бања исто така се отвора на друга тераса, а специјално дизајнираниот вграден плакар е доволно голем за да изгледа како да сте во бутик.

Nikol Šerzinger

Имотот сам по себе наликува на куќа од бајка, имајќи предвид дека е на видиковец, а беше направен и посебен проект за уредување на секој кат. Трикатната вила се состои од четири спални соби и четири бањи, а се простира на нешто повеќе од 4600 квадратни метри.

Секој кат се граничи со стаклени sидови, од каде има неверојатен поглед кон центарот на градот, кој достигнува сè до Тихиот океан.

Nikol Šerzinger

Отворениот простор за живеење на главното ниво се состои од елегантна кујна, пространа трпезарија поставена со прозорци од подот до таванот што се отвораат на голема тераса. Тука е и удобната дневна соба со две софи поставени спроти едни на други, веднаш до елегантен камин од бел мермер.

Од дополнителните содржини, има и домашно кино со кадифени кревети и специјално дизајнирани седишта за гледање филмови на големото платно. Мини-дневната соба води до чардак со бар, каде има мал базен, додека покрај него е поставена лулашка, која гледа кон градот и нуди волшебен поглед, наведува Курир.

Nikol Šerzinger

Прочитај

Green Tea

Иако често зборуваме за здравјето на срцето или дигестивното здравје, метаболичкото здравје сè уште звучи како апстрактен концепт за многумина. Ендокринологот д-р Чхаја Макија...

Green Tea

Високите температури можат да го уништат дури и најдобро нашминканото лице. Сепак, со неколку едноставни трикови, можно е шминката да остане свежа и трајна...

Wall Street

Според најновите гласини, компанијата Apple започнала со развој на паметен прстен. Се шпекулира дека ќе се вика iRing, но Apple би можел да избере...

Green Tea

Промените не се само физички – тие влијаат и на расположението, стресот и самодовербата. Период без сексуален однос не е невообичаен за многу луѓе...

Advertisement