Пејачката ја реновирала куќата на познатиот филмски продуцент Семјуел Голдвин.
Тејлор Свифт е една од најбогатите музички ѕвезди во светот со богатство проценето на 800 милиони долари. Ѕвездата инвестирала голем дел од своето богатство во недвижен имот, купувајќи куќи во Њујорк, Нешвил и Род Ајленд. Таа неодамна ја купила куќата на познатиот продуцент Семјуел Голдвин во Беверли Хилс и ја реновирала за да ја врати во првобитната состојба, нагласувајќи ги архитектонските елементи од времето кога е изградена.
Свифт работела со тим архитекти на реновирањето на куќата со цел да ги зачува сите архитектонски детали на историската вила. Куќата е изградена во 1934 година за Голдвин и неговата сопруга Френсис, во близина на домовите на ѕвездите Кларк Гејбл и Чарли Чаплин. Вилата била во сопственост на семејството Голдвин по смртта на продуцентот во 1994 година, додека Свифт не ја купи во 2015 година од синот на Голдвин за 25 милиони долари.
Вилата има седум спални соби и десет купатила. Куќата располага со библиотека со екран за филмски проекции. Главната спална соба има сопствен балкон со поглед на градот. Покрај прекрасните соби, вилата има и игротека, теретана и дополнителна куќа за гости над гаражата.
Прекрасна е и надворешноста на вилата. Пред влезот се наоѓа голем тревник, а има и базен со сопствена викендица, надворешна кујна и тениско игралиште.














