Роден во Бразил како Едсон Арантес до Насименто, Пеле пристигна во Њујорк преку покојниот бизнисмен Стив Рос.
Рос сакаше да донесе фудбал во Америка, а за да го направи тоа реши да го донесе Пеле. Тој го основаше фудбалскиот тим Њујорк Космос во 1970 година и пет години подоцна, му понуди на Пеле договор вреден околу 4,5 милиони долари, со што фудбалот ќе дојде до израз во САД.
Покрај тоа што бил фудбалски навивач, милијардерот Рос имал страст и за Хемптонс, област на Лонг Ајленд каде што многу богати њујорчани поседуваат недвижен имот. Тој и неговата сопруга Кортни Сејл Рос го поседуваа големиот комплекс Коди Хаус, кој подоцна го купи познатиот бизнисмен Дејвид Гефен. Се верува дека Рос го охрабрил Пеле да си купи сопствена куќа, што подоцна го направи Бразилецот. Во 1979 година, трикратниот победник на Светскиот куп плати само 156.000 долари за својата куќа на плажа.
Речиси 40 години, фудбалската ѕвезда и неговите две ќерки, кои претежно живеат во Њујорк, го користеле имотот од еден акри како летно одморалиште.

Во одреден момент, Пеле ја прошири куќата додавајќи уште еден кат, базен и надворешен туш. Куќата има и регистрирани права на плажа и пристаниште.

Вилата се карактеризира со огромни прозорци со непречен поглед на морето, како и базен кој исто така гледа кон океанот.

Прекрасниот дом може да се пофали со две големи спални соби на првиот кат и четири помали спални соби на вториот кат, додека има вкупно седум бањи.



Долното ниво вклучува огромна соба за игри,бар, канцеларија и сауна, а има и одвоена гаража.
Принуден да се врати во Бразил поради нарушено здравје, Пеле одлучи да го изнајми имотот за 45.000 долари месечно, пред конечно да го продаде во 2018 година за 2,85 милиони долари.
На 29 декември, Пеле ја загуби битката со ракот во болницата Алберт Ајнштајн во Сао Паоло, откако таму се лекуваше повеќе од еден месец.
За време на пандемијата на корона вирусот, Пеле се држеше подалеку од очите на јавноста. Својот 80-ти роденден го помина изолиран дома и не присуствуваше на настанот каде што истата година беше откриена статуа од него во природна големина на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро.
