Пејачката Адел ставила на продажба еден од своите домови во Беверли Хилс. Куќата која се продава за 12 милиони долари е изградена во далечната 1957 година, но оттогаш е реновирана.

Декорирана е со три спални соби и три бањи и уште една голема просторија, која може да се користи и како спална или детско игралиште.


На приземјето од куќата се наоѓаат библиотеката, кујната, дневната и трпезаријата.



Од секоја од овие простории, можно е да се излезе во дворот.

Куќата има и перална, теретана и соби за персоналот.

Украсен е до најситен детал, а внимание привлекува кујната со голем остров, како и луксузната бања со црна када, направена за уживање по напорниот ден.


Во нашата галерија можете да го погледнете овој прекрасно уреден дом во кој би сакале да поминеме барем еден викенд.
