Сопствениците на миленичиња чувствуваат нераскинлива врска со своите миленици. Ако нешто позитивно излезе од ситуација што го смени целиот свет, тогаш тоа е фактот дека останувајќи повеќе дома и во природа, ние исто така поминавме повеќе време со нашите миленици.
Друштвото со крзнените пријатели е омилено кај многу сопственици на миленичиња. Науката дури докажа дека за добар сон, подобро е да се спие покрај куче отколку до човек, но таа поврзаност продолжува и понатаму…
Имено, компанијата Wisdom Health Genetics, специјализирана за генетика на миленичиња, во едно големо истражување откри дека повеќето сопственици на кучиња повеќе сакаат да поминуваат време со своето милениче отколку со други луѓе. Тие испитале 13.000 луѓе и откриле дека 72% од сопствениците на кучиња и 32% од сопствениците на мачки претпочитаат да поминуваат време со домашно милениче отколку со пријатели.
Истражувањето исто така покажа дека 64 проценти од „родителите на кучето“ го сметаат своето куче или мачка за свое дете, а 17 проценти од домашните миленици имаат профил на социјалните мрежи.
Како што покажаа бројни студии, миленичињата му помагаат на менталното здравје на една личност, што беше потврдено и со ова истражување во кое 99 проценти од сопствениците на кучиња и 96 проценти од сопствениците на мачки одговориле дека миленичето имало позитивно влијание врз нив.


