Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

ПЕНТХУС ВО ЊУЈОРКИ ОД 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ СЕ ПРОДАВА СО МЕБЕЛ КОЈ НЕКОГАШ БИЛ ВО СОПСТВЕНОСТ НА ЏАНИ ВЕРСАЧЕ…

Сè, од дизајнерски килими до каучи до перници и столчиња може да биде ваше.

Купувањето стан исполнет со туѓ мебел не е по сечиј вкус. Но, што се случува кога тие парчиња некогаш му припаѓале на италијанскиот дизајнер Џани Версаче?

Раскошен пентхаус со поглед на Медисон Сквер Парк штотуку излезе на пазарот и е исполнет со мебел и украсни предмети кои некогаш му припаѓале на легендарниот моден дизајнер.

Во моментов се продава прекрасен дуплекс во Њујорк за 10 милиони долари. Всушност, не мора да ги чувате модните каучи, столчиња, масите и перничињата кои се внатре, иако многумина ќе ве наречат луди ако се обидете да се ослободите од нив.

Резиденцијата од 350 квадратни метри се наоѓа на врвот на зградата NoMad и се состои од четири спални соби и три бањи.

Дополнително, има дополнителни 120 метри квадратни отворен простор поделен на две тераси.

Покрај украсениот мебел од Версаче – кој претходниот сопственик го купи на аукција на Sotheby’ по смртта на дизајнерот во 1997 година – максималистичкото живеалиште има дрвени подови и големи прозорци. Има и животински принтови и златни детали, што е и очекувано.

Станот може да се пофали со приватен лифт, голема кујна и трпезарија во која можат да се сместат до 12 лица. На горното ниво се наоѓа кралскиот мастер апартман, комплет со тераса со прекрасен поглед.

Покрај тоа, има сопствена бања и голема гардероба. Исто така, на овој кат е и втора спална соба која може да се пренамени во канцеларија, теретана,детска соба или каков било тип на простор што ќе го изберете.

Прочитај

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Green Tea

Доколку сте забележале дека вашата чиста постелнина во вашиот плакар има мувлосан мирис, експертите велат дека најчестите причини се преостанатата влага, лошата вентилација и...

Advertisement