Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Пентхаус со најубав поглед кон Сан Франциско

Сместен на 244 метри над Сан Франциско, величествениот пентхаус за кој зборуваме денес е дефинитивно нешто за гледање…

Погледот низ неговите прозорци е веројатно спектакуларен, дури и кога е опкружен со облаци. Од своето деби во 2018 година, облакодерот во кој се наоѓа пентхаусот доби неколку награди за неговиот дизајн, инженерство, прекрасен егзоскелет и структурни елементи што можат да издржат земјотреси. Исто така, оваа зграда е ултра-одржлива, така што доби статус на LEED Platinum поради системот за рециклирање и третман на вода. Заедничките удобности во кои можат да уживаат сите станари вклучуваат две лоѓи, библиотека, угостителска кујна, бар, фитнес студио и тераси од кои може да се апсорбира целата магија на прекрасен поглед.

Пентхаусот од скоро седумстотини квадратни метри, што е во центарот на нашето внимание тука, ќе ве натера да заборавите на сите заеднички простории и да се фокусирате на панорамски поглед на Пацификот, Заливот и мостовите на Сан Франциско. Покрај тоа, пентхаусот има своја кујна за угостителство и дополнителна кујна опремена со апарати „Gaggenau“, елементи на Dornbracht и кујнски ормани „Rossana “. Галериските sидови на овој дом се совршено место за уметничка колекција – ако немате своја или само што ја започнавте, за 7 милиони долари можете да купите оној што веќе ги украсува sидовите. За ентериерите на пентхаусот се погрижи Мас Беверли, компанија од Лос Анџелес, обожавана од славни личности.

Високите тавани и стаклените sидови му даваат чувство на просторност на пентхаусот со четири спални и шест и пол бањи. Главната спална соба има двојни гардероби и бањи, додека има и удобна студија со маса и столови Bottega Veneta. Визбата и салата за вино го комплетираат просторот, со сите елементи дизајнирани да обезбедат максимално уживање во врвниот поглед.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement