Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Отворање во 2027 година? Првиот хотел во вселената што кружи околу Земјата на секои 90 минути

Иако работата на многу хотели на Земјата е оневозможена и забавена заради пандемијата Ковид-19, американската компанија Orbital Assembly Corporation (OAC) продолжува без никаква препрека во своите туристички планоци. Имено, започнале првите подготовки за изградба на првиот вселенски хотел.

Поточно, во тек се подготовките за работа на прототип хотел, наречен Voyager Station, кој треба да биде поставен во долната орбита на Земјата. Хотелот ќе биде сместен во кружна структура која на прв поглед наликува на вселенска страница од филмот на Кјубрик „2001: Вселенска одисеја“

„Voyager Station е ротирачка вселенска станица дизајнирана да произведува различни степени на вештачка гравитација со зголемување или намалување на брзината на вртење. Вештачката или симулирана гравитација е важна за долгорочен престој во вселената“, стои на веб-страницата на хотелот.

Овој луксузен хотел би кружел околу Земјата на секои 90 минути и можел да собере до 400 луѓе одеднаш. Покрај соби за гости со спектакуларен поглед, ќе има ресторани, кина, бањски простории, теретана, но и концертна сала за специјални настани.

Интернет магазинот Zimo открива дека од надворешната страна на ротирачката станица треба да има голем број на специјални капсули што можат да се користат за истражување на вселената, а кои ќе бидат продадени на вселенски организации како НАСА или ЕСА доколку е потребно.

Вселенските шатлови треба да бидат превозните средства до хотелот, а колкава ќе биде цената на ноќта, сè уште не е познато. Се верува дека само мал број луѓе на Земјата на почетокот ќе можат да си дозволат соба во вселената. OAC е многу оптимист и верува дека Voyager Station би можела да ги отвори вратите уште во 2027 година.

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement