Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Останете во еден од најлуксузните хотели во светот – Бесплатно

Дубаи е еден од највозбудливите градови во целиот свет, чиј напредок не може да се мери дури и со брзината на светлината…

Земајќи го ова предвид, Emirates Airways прави се да ни биде потешко да одбиеме одмор во Дубаи, нудејќи бесплатен престој во хотел за сите свои патници кои резервираат билети до недела, 28 март и патуваат од 15 март до 30 јуни. Бизнис или патници од прва класа можат да добијат бесплатно две ноќевања во JW Marriott Marquis Dubai во областа Business Bay.

Ова навистина претставува сон за секој од нас – кој не сака конечно да ги спакува куферите и да патува до некој далечен агол на светот и да ги остави зад себе сите грижи поврзани со пандемијата и другите тековни, глобални проблеми? JW Marriott Marquis Dubai е еден од највисоките хотели со пет sвезди во светот, а исто така нуди прекрасни удобности, како што се познати ресторани и сопствена шопинг галерија, заедно со непобедливиот спа центар.

И додека гостите сигурно ќе можат да најдат доволно забава за престој во хотелот, мора да нагласиме дека тие можат да го посетат и трговскиот центар Дубаи, Бурџ Калифа и Дубаи Опера, дури и да останат само два дена. Ако шопингот во Дубаи е нешто што ви „паѓа на ум“ во последно време, сега дефинитивно е време да го остварите тој сон, бидејќи познатата авиокомпанија додаде дополнителни 10 фунти за багаж (ваучер), за сите патници кои од Дубаи одат према Индија.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement