Ако сте меѓу оние кои успешно се воздржуваат од украсување на новогодишната елка, тогаш имате време да размислите за начинот или стилот на кој ќе ги украсите борот или елката.
Ако барате освежување, издвоивме неколку стилови на украсување што можете да ги примените и да внесете нов живот во вашето дрво, кои се многу популарни во годината што доаѓа.
1. СНЕЖНА ПРИРОДНОСТ
Поентата на овој стил на украсување е во природни текстури и бои. Користете украси направени од дрво и други природни материјали, и украси во земјени и кремасти, беж нијанси. Постигнете разновидност со украси од различни форми како што се кугли, sвезди и слично. Исто така, завиткајте ги подароците што ги ставате под дрвото во украсна хартија со слични нијанси.
2. СВЕТЛО, РУМЕНО ДРВО
Овој стил на украсување се карактеризира со украси кои светкаат односно сјаат, како и оние со нежни розови тонови. Дрвото украсено на овој начин е многу софистицирано. Кога украсувате, користете орнаменти од различни форми, а за подароци користете украсна хартија во нежно розова боја, за сè да формира романтична целина.
3. МАЛИ СРЕЌНИ ДРВЦА
Ова дрво, како што сугерира неговото име, е весело и украсено со забавни украси од необични форми, како украси во форма на кактуси, колачиња и други работи, што ќе предизвика чувство на среќа и радост кај секој што ќе го погледне вашето дрво. За да се постигне рамнотежа, дел од декорацијата треба да бидат класични кугли, а основните бои треба да бидат црвена и зелена боја.
4. ПОЛНОЌЕН ГЛАМУР
Ако сакате вашето дрво да биде елегантно, користете украси во сина и златна боја. Крајниот резултат ќе биде богато и раскошно дрво кое сепак ќе задржи одредена топлина што е неопходна за време на сезоната на празници. Во никој случај не треба да заборавите на светилките со кои сè ќе стане дополнително гламурозно.
5. НОВА НОСТАЛГИЈА
Овој стил на украсување е идеална можност за продолжување на семејната традиција. Ставете ги сите оние украси на дрвото што ве потсетуваат на некои претходни времиња и на вашето детство, како неодоливи салонски бонбони. Постојат и украси во форма на ѕвона, шишарки, шила…




