Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Овој стан во Мајами има канцеларија во стаклен вински подрум

Работата од дома може да биде стресна, дури и ако живеете чекор подалеку од плажата и морето….

Можеби тоа е причината што сопствениците на овој стан во Мајами, кој е достапен за купување по цена од 16,25 милиони долари, инсталирале домашна канцеларија во стаклен вински подрум. После еден ден работа во оваа канцеларија, никогаш повеќе нема да сакате да работите во обична!

Дуплекс апартманот ги зафаќа првиот и вториот кат на Ocean House, бела, ниска и класична зграда во Мајами, која е изградена во 2009 година и се наоѓа помеѓу рафинираните ресторани на Ocean Drive и белиот песок на South Beach.

Во внатрешноста, станот зрачи со светло и просторно чувство, со централна дневна соба со двојна висина што води кон терасата на првиот кат и заеднички базен, кој е одделен од плажата само со еден ред зеленило. Просторот за живеење е опкружен со стаклени sидови од едната страна, додека до другиот кат се стигнува со помош на стаклено скалило.

Од едната страна е отворен агол за појадок, додека од друга е гореспоменатата домашна канцеларија, сместена во средина на овална, стаклена визба за вино. Друга стаклена просторија, овој пат во правоаголна форма, создадена во форма на кујна се наоѓа на вториот кат.

Покрај тоа, овој стан содржи четири спални соби, четири купатила, домашно кино, трпезарија што се отвора према терасата на вториот кат, куќа-бар, големи вградени гардеробери и многу повеќе.

Кога станува збор за поволностите што ги нуди самата зграда, покрај базенот, тука се и лежалките за сонце и приватните ложи, како и соба со билјард и бар, кујна на отворено, кино, приватен салон за убавина, деловен центар, теретана и сауна. Што друго ви треба за удобен живот, но и работа?

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement