Од облакодери до остров кој што е настанат со помош на човечката рака – Дубаи едноставно маѓепсува.
Сепак, последното чудо кое што доаѓа од овој емират е шармантно и романтично и сигурни сме дека ќе ве воодушеви – станува збор за две вештачки езера кои што се креирани во форма на испреплетени срца.
Откриeни од страна на Неговото Височество, шеикот Хамдан Бин Мохамед Бин Рашид Ал Макто, крунисаниот принц на Дубаи и владата на Дубаи, оваа локација содржи и илјадници различни билки, со над 16.000 стебла и шарени цвеќа вклучувајќи и црвени бегонии кои што се аранжирани во форма на срца така што го испишуваат зборот „љубов“.
Овој локалитет е совршен за уживање во текот на заоѓањето на сонцето и за сите парови кои што сакаат да се опуштат во романтично опкружување, барем на неколку дена.
Тука се наоѓаат и затворени простори, место за логорски оган и секако тоалети. Љубовното езеро во Дубаи е толку големо што може да се види и од вселената.
Моментално, ниту еден ресторан не е изграден на оваа локација, но сепак во близина се наоѓаат места каде што може да се ужива во гастрономијата (на само 30 минути оддалеченост).


