Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Новата вила на Томи Хилфигер во Палм Бич

Томи Хилфигер и неговата сопруга, дизајнерката Ди Оклепо, купија луксузна вила во Палм Бич вредна 21 милион долари.

Езерската вила е изградена во 2006 година и има три спални, четири бањи и три бањи за гости. Тоа е импозантна куќа со високи тавани и луксузни детали.

Дворот на куќата е украсен со столбови и фонтана пред главниот влез.

Куќата има многу дневни соби со дрвени греди на таванот, камини и луксузни врати. Медитеранската естетика на куќата ја инспирирала свечената трпезарија, како и надворешните простори.

Главната спална соба има дневна соба со камин и приватен балкон.

Балконот има поглед кон езерцето, градината, прекрасните цвеќиња и базенот.

Декорацијата на куќата е луксузна со лустери и дрвени украсни елементи. Сепак, се очекуваат промени, бидејќи дизајнерот ќе го реновира својот ентериер.

Томи Хилфигер купи друга куќа во околината, вредна 9 милиони долари, за да остане таму додека завршуваат реновирањата на неговата куќа. Оваа куќа има три спални и четири бањи.

Славната двојка, покрај две нови куќи во Палм Бич, поседува и куќа во Мајами, додека продадоа куќа во Гринич за 31 милиони долари и стан во хотелот Плаза за 31,25 милиони долари.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
grandpashabet   holiganbet   casibom   casibom