Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Нил Патрик Харис ја продава својата прекрасна вила во Њујорк

Нил Патрик Харис и неговиот сопруг, кулинарот Дејвид Буртка, одлучија да се разделат со нивната сакана вила во Харлем…

Двојката го купи овој дом за 3,6 милиони долари во 2013 година, но потоа потрошиле 14 месеци за да го реновираат – претворајќи го од пансион во семеен дом за да уживаат со своите деца. Сега, тие се преселуваат во источниот дел на Хемптонс, откако потрошиле 5,5 милиони долари за вила лоцирана таму, што значи дека повеќе не им треба домот во Њујорк.

Двојката соработуваше со дизајнерот на ентериер, Трејс Ленхоф и архитектонското студио Povero & Company за трансформација на овој имот, кој датира од 1908 година. Студиото освежило многу од неговите аспекти, но поголемиот дел од историскиот шарм остана недопрен: границите се оригинали, како и скалите и подовите.

Тоа е дом со четири спални соби, четири купатила и два тоалети. Ако имате поголемо семејство или често имате гости кои престојуваат кај вас, библиотеката може да ја претворите во друга спална соба.

Голема површина на отворен простор е исто така дел од оваа понуда, почнувајќи од задната градина. На третиот кат има и тераса, џакузи на отворено кој е дел од главната спална соба, како и тераса на покривот со пергола и простор за скара.

Секако, вилата доаѓа со многу погодности, како што е домашно кино кое има свој влез. Во подрумот има теретана, винарска визба и игротека за близнаците на славниот пар.

Исто така, Харис има своја приватна, тајна канцеларија, која се отвора со притискање на тајно копче, додека внатре има оригинални уметнички дела од познатиот актер.

Ако некогаш сте сакале да знаете како изгледа животот на Нил Патрик Харис надвор од камерата, ви предлагаме да ја разгледате нашата галерија.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement