Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Необичен хотел во срцето на африканската савана

Кругер Шалати, хотел лоциран во воз, кој е пермаментно запрен на мостот Селати над реката Саби, ќе ви понуди уживање во неверојатна удобност и поглед на убавината на јужноафриканскиот пејзаж…

Со локација во националниот парк Кругер, најголемиот природен резерват во Јужна Африка, Кругер Шалати ви нуди безвременски луксуз. Локацијата на хотелот е едноставно идеална, сите погодности се неверојатни, додека услугите се, накусо, беспрекорни. Внатрешната декорација на овој воз претставува локални уметници, со мебел и акценти кои гордо и елегантно ги прикажуваат регионалните вештини.

Кругер Шалати нуди 31 соба и апартмани со топол и модерен декор, со обемни лични прозорци што се отвораат на приватни балкони со поглед на реката и блиската савана. Во срцето на возот има бар и тераса со поглед кон базенот, од кои можете да се воодушевувате на крокодили, нилски коњи и бизони кои уживаат во нивното природно живеалиште веднаш под вас. Хотелот нуди прекрасно искуство во природна средина, кое во никој случај не се меша со убавината на сè што се случува околу вас.

Ресторан, два коктел-барови, три отворени базени, спа центар и повеќе помали детали го комплетираат списокот на услуги и удобности на овој комплекс, што ќе ве транспонира со сите свои детали во една сосема друга сфера на животот. Недалеку од хотелскиот комплекс над реката се наоѓа теренот за голф Шукуса, кој се смета за еден од најубавите во светот.

Само една посета на оваа локација ќе ви вреже спомени што со задоволство ќе ги раскажувате до крајот на животот.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement