Амазон, по кратко време, го претстави дизајнот за следниот дел од своето ново седиште во Арлингон и мора да признаеме дека изгледа неверојатно…
Нацртан како ликвидантна стаклена кула покриена со дрвја која се издига над панорамата на остатокот од градот, овој облакодер се издвојува од очигледни причини. Зградата го доби името Helix заради својата интересна форма која е инспирирана од природната убавина на двојната спирала. Креиран е како дизајн од компанијата NBBJ, која инаку стои зад просториите на Амазон во Сиетл во форма на сфера.
Компанијата вели дека уникатната зграда ќе има две пешачки патеки низ уредениот терен што ќе се обвиткуваат однадвор, а ќе содржат растенија што можете да ги видите на планините во државата Вирџинија. Исто така ќе вклучува програми за престој за локални уметници и турнеи што ќе бидат отворени за јавноста.
Покрај тоа, ова седиште ќе понуди 280.000 м2 нов деловен простор, распореден на неговите 22 ката. Ќе има позитивно украсен ентериер, изобилство природна светлина и чувство на поврзаност со надворешниот свет.
Дел од зградата ќе биде и 2,5 хектари земјиште за јавна употреба, што ќе биде отворено за пешаци, велосипедисти и јавни настани. Проектот исто така вклучува електрично централно греење и ладење, што ќе работи благодарение на сто проценти обновлива енергија што доаѓа од соларна фарма.





