Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

На продажба хеликоптерот на Доналд Трамп

Доналд Трамп се чини дека остана без титулата претседател на Соединетите држави и додека полека се пакува да ја напушти Белата куќа, ќе мора да остави неколку работи зад себе…

Една од тие работи е неговиот иконски хеликоптер Sikorsky S-76B, кој всушност ги има три. Претседателот Доналд Трамп е редовен корисник на приватни авиони и хеликоптери долги години, а сега е достапен на продажба еден од неговите омилени модели, гореспоменатиот Sikorsky, со цена од 2.800.000 американски долари.

Претседателот го користел хеликоптерот неколку пати, па затоа едноставно блеснува со неговиот луксузен стил, со кожни седишта, златни детали и акценти на африкански махагони. Во внатрешноста на хеликоптерот има кабина со шест седишта, со панели и систем за звучна изолација. Постојат и фиоки за мраз и освежителни пијалоци, штандови со списанија и прекрасни подови со мокет.

Современиот хеликоптер веќе се појави на телевизија, како дел од емисијата на CNBS „Secret Lives of the Super Rich“. Како што дознаваме, хеликоптерот има околу 6.259 часа лет.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement