Ако сте гејмер, но уживате во сите работи поврзани со луксуз, ние ја имаме вистинската работа за вас…
Скапoценото Nintendo Wii, создаден за кралицата Елизабета Втора во 2009 година, сега е достапен за купување. Оваа кралска креација е целосно облиена во 24-каратно злато и се појави на пазарот по долги 12 години. Во моментов, сопственикот на ова Nintendo е анонимен колекционер кој сака да „продолжи со животот“ и затоа ја распродава својата архива.
Создадена како дело на THQ, позлатената конзола ја купи нејзиниот сегашен сопственик во 2017 година. И додека тој планираше да ја чува во тајност, продуцентите кои стојат зад каналот YouTube „People Make Games“ го најдоа во 2019 година и го разбудија интересот на целиот свет заради ова неверојатно парче.
Позлатениот додаток доаѓа со копија од BIG Family Games и работи исто како и сите други верзии на Wii. Неговата цена е 300 000 долари и моментално може да се купи преку E-bay. Според списокот, „предметот може да има некои знаци на употреба, но тој е целосно исправен и функционален“.









