Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Најмалата слика на светот со највисока цена

Колку пари би дале за слика што е со големина на поштенски плик?

Па, ако е дело на Да Винчи, можеби ќе платите 12 милиони долари. Ретката скица на иконскиот уметник е скоро продадена на аукциската куќа Christie’s, по споменатата цена.

Именувана како „Head of a Bear“, сликата е создадена со техника наречена сребрена точка, која вклучува употреба на тенка, сребрена жица на игла, со чија помош оставаат траги на хартијата. Сликата е со димензии 6,75 х 6,75 см и отиде во рацете на непознат купувач во лондонскиот дел на Christie’s, како дел од аукцијата „The Exceptional Sale“.

Коментирајќи ја сликата, водачите на аукциската куќа Christie’s изјавија: „Цртежот е направен со сребрена точка на бледа хартија. Тоа е напорна и тешка техника, која Леонардо ја совладал во својата младост, а ја предавал неговиот учител, Андреа дел Верокио, водечки уметник во Фиренца во тоа време“.

Аукциската куќа понатаму коментира дека и покрај малите димензии, оваа скица е исклучителна демонстрација на ненадминливата вештина на Да Винчи и неговиот став кон природата.

Како што дознаваме, сликата претходно била дел од приватната колекција на британскиот сликар, сер Томас Лоренс, а била продадена по цена од 3,40 долари во 1860 година, што во денешно време би изнесувало околу 428 долари.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement