Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Најлуксузната роденденска забава за време на короната

Оваа година, многу работи се сменија во животот на секој од нас…

Нашите навики се менуваа практично преку ноќ, со пандемијата на коронавирус што го освои целиот свет, а во исто време сѐ уште се менува. Бројни настани беа откажани, многу луѓе останаа без своите најблиски, додека многумина останаа и без работа и пари. Бидејќи пандемијата трае скоро една година, многумина од нас ги прославија своите родендени со почитување на заштитните мерки од вирусот корона – со неколку пријатели, специјални карантински украси, балони, маски и моменти на радост и прослава. Роденденските забави повеќе не траат до доцна во ноќта и веќе не се толку екстравагантни како порано.

Сепак, тоа не е случај со една жена од Либан, која го прослави својот четириесетти роденден со забава вредна 28 милиони долари. Иако сме среде криза, таа реши да го живее секој ден како да ѝ е последен. Славеничката целосно го смени поимот роденденски аутфит, облечена во фустан со наметка и со накит, вреден неверојатни 26 милиони евра. Нејзината роденденска забава беше настан со почит кон физичката оддалеченост со нејзините пријатели и семејството во нејзината луксузна вила, со дваесет мини забави на други светски дестинации преку видео повик. Всушност, таа организираше настан со 150 гости, кои дефинитивно се забавуваа, бидејќи од роденденската девојка добија gift bag исполнета со раскошни работи.

Либанката плати и за кетеринг, пијалоци и одржување за сите свои забави. Поклон торбите вредат околу 4.000 американски долари и содржеа пенкала Луис Витон за 1.600 долари, шампањ Ace of Spades за 600 долари, фармерки со ограничено издание на Graysey x McQueen за 350 долари, кожна маска од Луј Витон направена од торба за 110 долари, со линија АМРА за нега на лице и тело, во вредност од 350 американски долари.

Иако можеби ви паднало на ум дека сите гости беа фокусирани кон подароците што ги добиле, во центарот на вниманието беше токму роденденскиот фустан, кој беше создаден како дело на британската дизајнерка и уметница Деби Вингам. Величествениот фустан беше доукрасен со нарачан ѓердан Булгари вреден скоро 327 000 американски долари. Инаку, секоја гостинка што дошла на забава во живо со славеничката во нејзината вила во Шпанија, добила маска за лице украсена со дијамантски ѓердан, вреден околу 85.000 долари.

Како што можете да заклучите, предметната Либанка е навистина богата, а нејзината забава се одржа во Лондон, Лос Анџелес, Хонг Конг, Кувајт и Катар, додека три настани се одржаа во Дубаи, и по една во Париз, Токио и Москва.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement