Скриен на периферијата на Велика Британија, шеснаесет километри од луксузните и декадентни бутици и ресторани на Најтсбриџ, Crown Estate е локацијата каде е сместена прекрасната вила Hampton Hall…
Овој британски објект, инспириран од естетиката на аристократските вили од шеснаесеттиот век, е проект кој потекнува од сосема друго време, но ги крие сите модерни елементи неопходни за уживање во подобрата страна на животот.
Со своите 2.700 квадратни метри, тоа во никој случај не е скромно. Неговата фасада е совршен вовед во раскошот што ве чека внатре – серија коринтски столбови со гордост ги чуваат sидовите пред прекрасните камени sидови. Ако случајно комбинацијата на британски и грчки инспирации на самиот почеток ви се чини збунувачка, верувајте ни дека сите ваши сомнежи наскоро ќе испарат како утринската магла.
Ова не е само имот што сакаме да го гледаме, но е одлично место за живеење. Со своите седумдесет соби, вилата Hampton Hall ги нуди сите погодности на кои можете да помислите – од ложи и куглани, до затворен базен и единаесет спални соби, до барови, простории за билјард и гаража на две нивоа. Купувачите на оваа вила, исто така, ќе можат да ја користат парцелата од еден хектар, која доаѓа со одобрение за градење, давајќи ви можност да ја развиете вашата фантазија и однапред да го изградите вашиот дом од соништата, со помош на експерти кои ќе ги претворат сите ваши соништа во реалност.
Како што веќе споменавме, овој имот е стратешки лоциран на само неколку километри од Најтсбриџ, но исто така и Мејфер, улицата Бонд и најдобрите ресторани, уметнички галерии и други згради кои ве покануваат да уживате. Исто така, аеродромот Хитроу е оддалечен само половина час, додека има одлични врски со деловните области во Лондон.
Без разлика дали новиот сопственик на оваа зграда е бизнисмен, „купохоличар“ или љубител на уметноста и културата, сигурни сме дека ќе ви ја открие својата среќа по првото будење во овој прекрасен дом.








