Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fine Living

Најелегантниот домашен фитнес велосипед што некогаш сме го виделе

Велосипедизмот во затворен простор е една од најпопуларните форми на домашем фитнес…

Меѓутоа, ако немате просторија дизајнирана како теретана, тренажниот велосипедот дефинитивно ќе го наруши вашиот план за дизајн и декорација. Но, сега на сцена доаѓа модел кој е дизајниран имајќи ја предвид формата и функцијата. Во партнерство со Adriano Design, италијанскиот бренд Elite го создаде Fuoripista – интерактивен стационарен велосипед, кој остава впечаток на врвно парче мебел или скулптура.

Изработени од софистицирани материјали, како што се јасеново дрво, армирано стакло, алуминиум, челик и кожа, секој велосипед Fuoripista е рачно изработен за да нè потсети на современото уметничко дело повеќе од парче опрема за вежбање. Сепак, не е наменет само за изложба, бидејќи ќе ви даде можност да ја подигнете вашата форма на сосема ново ниво. Велосипедот има голем број функционални карактеристики и напредна технолошка опрема.

Fuoripista може да ги следи вашите перформанси, да ви даде можност да се поврзете со целата заедница практичари и многу повеќе. Покрај тоа, може да се поврзе со софтверот My E-Training или со која било друга платформа за возење велосипед, па слободно можеме да кажеме дека дефинитивно не ја жртвува својата функционалност заради естетска привлечност.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement